Во врска со соопштението на ОК на ВМРО-НП Охрид, реакција испрати општина Охрид, во која стои:
„Општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески во име на граѓаните на Охрид изразуваат жалење за несмасното соопштение на ВМРО-НП во кое се наведени верски и национални компоненти на омраза кои директно ги понижуваат граѓаните на Охрид и надалеку познатата охридска гостопримливост.
Освен тоа нападите на почитуваните од ВМРО-НП покрај неиздржаноста, упатени се на погрешна адреса. Општина Охрид не учествува во изборот за кум на манифестацијата, туку тоа го прави Здружението за афирмација на македонската православна црква „Богојавление“.
Од Локалната самоуправа се надеваат дека во иднина нема да има вакви испади на политички партии кои со цел добивање на ситни политички поени фрлаат белег на оваа значајна верска и културна манифестација.“– се вели во реакцијата.