Раководството на СДСМ се сретна со известувачот за Македонија во ЕП, Иво Вајгл

Делегација на СДСМ, предводена од претседателот Зоран Заев, денеска оствари средба со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл.

Претседателот Заев изрази подготвеност за унапредување на досегашната соработката и му посака успешна работа на новиот известувач.

Воедно, во името на СДСМ, но и на сите граѓани на Македонија, претседателот Заев се заблагодари за поддршката на Европскиот парламент за Република Македонија.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува Република Македонија во процесот на европските интеграции.

Европратеникот Вајгл потенцираше дека интеграцијата на Република Македонија во ЕУ го смета за приоритет. Тој најави продолжување на пријателската помош и поддршка за Република Македонија за земјата да ги достигне потребните стандарди за членство во ЕУ.