Културни и образовни институции дел од свеченостите посветени на Св. Климент Охридски – Патронот на градот

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент Охридски- патрониот празник на Охрид, вчеравечер во НУ Библиотека „Григор Пличев“ се одржа промоција на книгата „Златна лира“ од Пандора Јовановска- Илиевска.

Ова најновото тријазично издание пишувано на македонски, англиски и француски јазик претставува успешен спој на хаику песни и хаибуни низ кои се проткајуваат мотиви од Охрид кој е непресушен извор за поетска имагинација,“ истакна промоторот на книгата доц. д-р Христо Петрески.

Час подоцна во ЦК „ Григор Прличев“, беше изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ„Св. Климент Охридски“ , Промоција на „Збирка задачи во С++“, а во 20 часот исто така во ЦК „Григор Прличев“ се одржа свечена програма по повод патрониот празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“ .Чествувањата посветени на Св. Климент Охридски продолжуваат денеска и во наредниве два дена.

promocija_kniga_4002