Оваа учебна година Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието започнаа со реализација на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, кој има за цел зајакнување на врската родител-ученик-наставник.
„Преку овој проект ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно образовниот процес во основното образование.“- велат од училиштето.
Проектот предвидува постигнување на целта преку заеднички активности во училиштето, односно преку организирање спортски, културни, забавни и едукативни активности во кои ќе учествуваат родителите, учениците и наставниците.
Во рамките на овој проект Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, организираше „Новогодишен базар“.
„Родителите, наставниците и учениците изработуваа сувенири, кои беа изложени во училишниот хол и истите беа продавани. Паричните средства од продадените сувенири ќе се искористат за набавување на аудио-визуелни нагледни средства и материјали за изведување на наставата.“-додаваат од училиштето.
WebOhrid