Промет во трговијата на мало, по производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на мало по производи, во 2013 година изнесува 125 173 188 илјади денари.

По групи на производи, најголем промет од 25.8% е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспоменати производи“ 11.3%, во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 4.1%, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3.9%, во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 3.7%, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“ 3.7%, во групата „Трговија на мало со пекарски производи“ 3.6%, во групата „Трговија на мало со овошје и зеленчук“ 3.2% итн.

Гледано по производи, поголем промет е остварен кај следниве производи: пури, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, надворешни гуми, пневматски гуми за моторни возила, бои и лакови врз база на полимери, делови и прибор за друмски моторни возила, печатени весници, печатени книги, моторен бензин, компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи.