Во октомври издадени 241 одобрение за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014 се издадени 241 одобрение за градење што е за 63.9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 302 972 илјади денари што е за 29.4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (70.1%) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.8%) за објекти од нискоградба и 46 (19.1%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 241 објект, на 176 (73.0%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 објекти (27.0%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 485 станови со вкупна корисна површина од 39 498 м2.