Фрлена бомба пред просториите на ОО на СДСМ Карпош

Вечерва, околу 19:30 часот фрлена е експлозивна направа пред просториите на општинската организација на СДСМ Карпош, на улица Варшавска.

Експлозијата се случила додека се одржувал состанок на подмладокот на СДСМ во општина Карпош. Во канцеларијата на СДСМ се наоѓаале  30-тина млади.

Од партијата велат дека во инцидентот нема повредени и дека од шрапнелите коишто летале на сите страни искршени биле стаклата на просторијата. Оштетени биле неколку возила на членови на СДММ, кои биле присутни на состанокот. Случајот бил пријавен во полиција.

СДСМ очекува од МВР да преземе брзи и ефективни мерки за расветлување на случајот и пронаоѓање на предизвикувачите на овој чин, што се случил пред просториите на Социјалдемократскиот сојуз.