Општина Охрид распиша Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортските терени на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид. Целта на оваа одлука е поттикнување на масовниот спорт и спортот воопшто, поттикнување на здравјето на граѓаните, комуникацијата, соработката и тимската работа како и создавање услови за живеење на младите кои претставуваат движечка сила и промотор на новите вредности.
На конкурсот можат да аплицираат Здруженија на граѓани и Акционерски друштва или друг облик согласно законската регулатива. Условите кои треба да ги исполнат подносителите се пропишани во:
ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ
НА ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“ – ОХРИД
Заинтересираните своите пријави можат да ги достават до Архивата на општина Охрид – Ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 – 6000 Охрид, најдоцна до 26.12.2014 година до 13 часот.