Со правилна нега до здрави заби – предавања во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Во рамките на одбележувањето на Неделата на забоздравствена заштита од 9-15 декември под мотото „Здрава насмевка среќно дете“, денес во училиштето „Живко Чинго“ во Велгошти се одржаа две предавања со учениците од I и IV одделение.

Волонтер-стоматолог од Црвен Крст Охрид д-р Кристина Стојаноска Алоска пред првачињата зборуваше на тема : „Правилна нега на забите и квалитетна орална хигиена за здрави трајни заби“.

Пред четвртоодделенците д-р Грација Бакраческа специјалист по детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ Охрид одржа предавање на тема: „Оралната хигиена и правилна исхрана со контрола на внес на шеќери“.

После предавањето на дечињата им беа подарени и Орбит мастики без шеќер.

WebOhrid