Американската морнарица претстави ново оружје – ласерски топ

Американската морнарица го претстави своето ново оружје – ласерски топ. За да се прикаже колку е ефикасно и прецизно ова оружје, беа избрани различни мети меѓу кои пловен објект во движење и беспилотно летало.

„Ова оружје не е во фаза на тестирање, туку веќе е ставено во употреба, на еден брод во Персискиот залив. Го користиме секој ден. Ова е прв пат во историјата некој да има ваков систем на наоружување“. – истакна адмиралот Метју Клундер.

Ласерскиот систем има вредност од околу 40 милиони долари. Со оглед на тоа што на системот му треба голема количина на енергија, ова оружје може да биде монтирано само на бродови со големи генератори.