Вечерна богослужба и света литургија за празникот Свети Стефан

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, се информираат сите православни верници дека вечерва, во манастириот „Свети Стефан“, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, ќе се служи празнична вечерна богослужба со почеток во 19 часот.

Утре, во манастирот „Свети Стефан“, ќе се служи света литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на св. архиѓакон Стефан“, со почеток во 8:30 часот.

По тој повод манастирот „Свети Стефан“ – Охрид, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.