Зголемен бројот на туристи во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2014 година изнесува 62 079, а бројот на ноќевањата изнесува 143 807.

Бројот на туристите во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%.

Бројот на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 14.3%, а бројот на странските туристи е намален за 4.8%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 13.5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 2.3%.

Во периодот јануари-октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.0%, а кај странските има зголемување за 6.9%.

Во периодот јануари-октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.0% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 5.4%.