Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври 2014 година изнесува 1 104 918 илјади денари што претставува зголемување за 3.9% во споредба со октомври 2013 година.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена 16.5%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 11.2%.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, градинарските растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото и рибата, а додека намалување се забележува кај индустриските и фуражните растенија, овошјето, добитокот и млечните производи.