Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 1.2% на годишно ниво.
Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0.6%.
Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2.5%.