Во Охрид ќе се одржи работилница „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“

Утре (16-ти декември) и задутре (17-ти декември), во Охрид, во организација на МВР, МАРРИ Регионалниот центар и центарот за безбедносна соработка ќе се одржи Регионална конференција посветена на „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“.

Предвидено е утре на официјалното отворање на конференцијата (во 09,00 часот) свое воведно излагање да има државниот секретар во МВР, Анастасија Илиеска.