Полицијата апелира: Без оружје и пиротехнички средства за Новогодишните и Божиќните празници

Министерството за внатрешни работи, Секторот за Внатрешни работи Охрид апелираат до сите граѓани да се воздржат од било каква употреба на оружје и пиротехнички средства за време на Новогодишните и Божиќните празници.

„Неовластената употреба на пиротехнички средства и оружје на јавно место претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста на сите граѓани. Со таквото дејствие се врши кривично дело и прекршок кој е санкциониран со позитивните законски прописи.“– велат од МВР.

Полицијата во наредниот период ќе презема засилени мерки и активности заради одржување на поволна безбедносна состојба и против лицата кои употребуваат било каков вид на оружје и пиротехнички средства ќе се преземаат предвидените законски мерки.

„Оружјето и петардите се опасни по безбедноста на сите граѓани, особено за децата!“- додаваат оттаму.