Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе посетуваат стручна обука во Измир

Ученици од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ во месец април ќе посетуваат двонеделна стручна настава во партнер училиштата во Измир, Република Туриција. ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е вклучен во проектот „The future of Mechatronics“, финансиран од страна на програмата Еразмус+ на Европската Унија. Овој проект овозможува стручна обука на ученици во Измир, Р.Турција.

Учениците ќе бидат придружувани, менторирани и надгледувани од страна на представници од партнер училиштата. За време на нивниот престој во Измир, тие ќе извршуваат практична настава кај партнер училиштето во Турција кое има сериозно искуство на полето на мехатрониката.

Престојот на учениците во странство и практичната настава ќе им даде ново знаење и вештини кои ќе можат да ги искористат после враќањето во Македонија. Специфичните општи цели кои ги има овој проект се: овозможување на учениците да се здобијат со практична настава во странство, професионална комуникација на странски јазик во полето на нивната струка со користење на специфична терминологија, проширување на соработката помеѓу партнерите вклучени во овој проект но и помеѓу македонскиот и турскиот образовен систем и да им овозможи на учениците искуство од професионален престој во странство.

Успешната реализација на овој проект би помогнала пред се во добивање на многу потребно искуство кое ќе ги постави и понатаму пренесе новите иницијативи и проекти за следна соработка на друго поле и во поголеми размери.

praksa_izmir_400