Во рамки на посетите на месните заедници кои градоначалникот Никола Бакрачески ги реализира, денес со почеток во 17 часот ќе биде во посета на Куратица, во 18:30 часот Вапила – Ливоишта и 19:30 часот Косел.
На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.