Во полициската станица во Струга во тек се интензивни мерки за расчистување на кривичното дело „убиство во обид“ извршено рано утрово во струшкото село Велешта. На разговор повикани се повеќе лица жители на селото Велешта.
Кривичното дело е извршено во 00.15 часот во Велешта при што со повеќе огнострелни рани во грбот, стомакот и екстремитетите се здобил А.С. (36) жител на селото Велешта. Настанот се случил во близина на домот на сега повредениот кога тој излегувал од своето патничко моторно возило марка Мерцедес. Во моментот, од патничко моторно возило марка „Ровер“ без регистарски таблици паркирано во близина на неговата куќа, излегле две лица. Возачот на ова возило испукал повеќе куршуми кон А.С. по што двајцата веднаш избегале. Повредениот А.С. итно е пренесен во општата болница во Струга.
На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид при што пронајдени се осум чаури, еден проектил и еден дел од проектил.
Полициската станица од Струга презема и други дополнителни мерки за утврдување на сторителот на кривичното дело убиство во обид.