Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.8%, а кај аутпутот е зголемен за 5.5%.
Во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 96.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.6.
Во делот аутпут, во ноември 2014 година, во споредба со ноември 2013 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 107.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.6.