Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, информираат дека такси-компаниите коишто вршат трговска дејност на територијата на градот започнаа да поставуваат лепенки со новиот грб на општина Охрид на своите такси возила.
Надлежните велат дека овој процес ќе се реализира и наредните неколку денови.
Инаку, информативни табли со новиот грб на општина Охрид веќе се поставени пред некои од основните и средни училишта во градот.