Раст на прометот во индустријата за шест отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во април 2014 година, во однос на април 2013 година, изнесува 106.1.

Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во април 2014, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 12.3%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 14.3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи опаѓање од 8.8%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6.9%.

Според главните индустриски групи, прометот во април 2014 година, во однос на април 2013 година, бележи пораст кај Капитални производи за 35.5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.5%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 93.2%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 8.7%.

Индексот на прометот во индустријата во април 2014 година, во однос на март 2014 година, изнесува 99.9, додека во периодот јануари-април 2014 година, во однос на периодот јануари-април 2013 година, изнесува 109.9.