Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се непроменети на месечно ниво, а се пониски за 2.6% на годишно ниво.
Во октомври 2014, во споредба со септември 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 6.3%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 0.7%.
Во октомври 2014, во споредба со октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8.1%, а во секторот Преработувачка индустрија се пониски за 3.7%.