Македонија е рангирана на 31 место меѓу 146 држави во светот во најновиот извештај на американскиот економски магазин „Форбс“ за најдобри земји за бизнис, што претставува подобрување за пет позиции во однос на минатата година.
Според „Форбс“, Македонија е најдобра држава за бизнис во регионот и е рангирана пред Бугарија која е на 42 место, Хрватска на 46, Црна Гора на 48, Турција на 50, Грција на 51, Албанија на 58, а БиХ и Србија на 84 место.
По одделни идикатори, Македонија има највисока, трета позиција, за бирократски процедури, на 6 место е рангирана според индикаторот монетарна слобода, на 7 за даночно оптоварување, 17 пазарни перформанси, 21 заштита на инвеститори, 41 трговска слобода и според технологија на 61 место.
Во првите 10 најдобри држави за бизнис, според листата на „Форбс“, се Данска, Хонг Конг, Нов Зеланд, Ирска и Шведска. Меѓу првите 10 се и Канада, Норвешка, Сингапур, Швајцарија и Финска.
Како најлоши земји за бизнис „Форбс“ ги рангира Либија, Чад и Гвинеја.