Утре ќе се промовира книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски

Во Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Веселба во шумата“ од Мирко Томовски.

Промотор на книгата ќе биде писателот Тоде Илиевски.

Промоцијата на книгата ќе се одржи утре-петок, со почеток во 12:30 часот, во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“.