ОУ „Христо Узунов“ доби голема донација околу 150 пара патики, поголема количина на училишен прибор и папучи.
Донацијата е од бутикот „Модатекс“ од Охрид.
„Голема благодарност до нив и би сакал оваа донација да биде поттик и за други фирми да донираат во образовните институции. Донацијата ќе биде поделена на ранливите категории во училиштето“– изјави директорот Тони Симоновски.