Донација за ранливите категории во ОУ „Христо Узунов“

ОУ „Христо Узунов“ доби голема донација околу 150 пара патики, поголема количина на училишен прибор и папучи.

Донацијата е од бутикот „Модатекс“ од Охрид.

„Голема благодарност до нив и би сакал оваа донација да биде поттик и за други фирми да донираат во образовните институции. Донацијата ќе биде поделена на ранливите категории во училиштето“– изјави директорот Тони Симоновски.