Македонската репрезентација во хокеј на мраз го одигра својот прв, официјален натпревар. Денес, на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје нашите хокеари одиграа со младата репрезентација на Бугарија доживувајќи пораз од 5-6 (2-0,1-2,2-3,0-1) по изведувањето на пеналите.
Во рамноправен меч нашите хокеари поведоа со 5:3, но во третата третина дозволија гостите од Бугарија да стигнат и да израмнат, а потоа со голот на Георгиев во серијата изведување пенали да дојдат до триумф.
Но, сето тоа е најмалку важно во моментите кога пред се македонскиот хокеј означува нова страница од своето постоење.
Стрелци за нашата селекција беа Давор Атанасов и Јуре Внук со по два погодоци, како и Дмитриј Прокудин со еден погодок.