Форумот на жени на СДСМ донира топла облека и обувки за социјално загрозените семејства

По повод Новогодишните и Божиќните празници Формот на жени на СДСМ традиционално ја организира хуманитарната акција „Дарувај од срце“.

Топла облека и обувки се донираа во Црвениот крст со цел истите да бидат дистрибуирани до социјално загрозените семејства.

„И оваа година даруваме со желба за среќа и доброто на секој поединец во општеството, неприкосновеност и почит на човечкото достоинство и интегритет.

Голема благодарност до сите наши сограѓани кои зедоа учество во хуманитарната акција докажувајќи дека хуманоста го облагородува човекот, не познава граници, ги зближува луѓето.“-велат од Центарот за комуникации со јавноста ОО на СДСМ Охрид.

SDSM_Humanitarna_ForumNaZeni_01