Претседателот на СДСМ Зоран Заев и заменик претседателката Радмила Шекеринска, остварија средба со директорот во Стејт департментот за јужна и централна Европа, Томас Јаздгерди.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија и регионот.
Заеднички беше споделена загриженост за назадувањето на демократските процеси во државата.
Претседателот Заев истакна дека партијата на власт ги узурпира сите државни институции.
„Нема разлика помеѓу партијата и државата. Слободната волја на граѓаните е загрозена а критички настроените медиуми се се под огромен притисок на власта или затворени. Затоа СДСМ во континуитет укажува дека 5-те теми за преговори упатени до власта имаат цел да создадат елементарни услови за слободно изразување на волјата на граѓаните.“ -рече Заев.
Јаздгерди се интересираше за позицијата и предизвиците со кои се соочува Македонија на патот кон евро – интеграциите во однос на земјите од регионот.
„Македонија денес го губи чекорот со соседите. Девет години владејачката партија не успеа да направи ниту еден чекор напред за целта којашто не обединува сите“, нагласи заменик претседателката Шекеринска.