Едукативна средба на тема „Доближување на граничната полиција со граѓаните“

Полициски службеници од РЦ за ГР Север минатата недела одржа едукативна средба и презентација за 25 ученици од пето одделение од ОУ “11 Октомври“ од скопската општина Центар, а на тема – “Доближување на граничната полиција со граѓаните“.

Организатори на активноста и презентери на превентивниота активност беа самостојните инспектори за превенција од РЦ за ГР Север, во соработка со СГРМ и наставниот кадар од ОУ “11 Октомври“. Превентивните активности беа реализирани со цел децата истите да бидат запознаени со улогата и работата на Граничната полиција во Р.Македонија. Првично на учениците им беше презентирано краток документиран филм во врска со преминувањето на државната граница и движење во граничниот појас на Р.Македонија .

Исто така, децата беше запознаени со работните задачи при обезбедување на државната граница, како и дел од техничките средства кои Граничната полиција ги користи во својата секојдневна работа. Кај учениците интересот беше на високо ниво, а особено во врска со уредите и техниките за набљудување на граничниот појас. По завршување на превентивните активности од страна на инспекторите за превенција на учениците им беа поделени амблеми од Гранична полиција.