Денес на хокеј арената на спортскиот центар Борис Трајковски се одржа вториот натпревар помеѓу Македонија и Бугарија. Овој натпревар во регуларниот дел заврши со резултат 3:3, а по изведувањето на пенали победа извојува репрезентацијата на Македонија со 4:3.
Головите за Македонија ги постигнаа Јуре Внук 2 и Давор Анастасов, а Димитри Прокудин имаше 2 асистенции.
Головите за Бугарија ги постигнаа Атанас Ковачев, Ѓорги Искренов и Кристијан Семков.