Младински Совет Охрид, како регионална канцеларија на Граѓанската Асоцијација МОСТ, организира средба на која Пратеници од 5-та изборна единица ќе дебатираат со граѓаните на тема „Дали зголемената урбанизација го уништува Охридското Езеро“.
Средбата, која е дел од проектот МОБИЛЕН ПАРЛАМЕНТ, ќе се одржи утре (вторник), во хотел „Ројал Вју“, со почеток во 17:30 часот.
„На средбата, покрај пратениците, поканети се и претставници на ресорни министерства кои ја третираат оваа проблематика, како и претставници на Локалната самоуправа.
Граѓаните пак се поканети да земат учество преку здруженијата на граѓани, урбаните и месните заедници, како и нивните избраници – Советниците од Советот на општина Охрид.“- вели регионалниот координатор Димче Каневче.