Доделени наградите за најдобрите во македонскиот фудбал за изминатата сезона

Синоќа се одржа манифестацијата на која Фудбалската федерација на Македонија официјално им ги додели наградите на најдобрите фудбалски работници за изминатата 2014 година.

На свечената церемонија признание добија:

– Игор Ангеловски за најдобар тренер за сезоната

– Борче Маневски за најдобар фудбалер во МФЛ

– Дејан Блажевски за најдобар стрелец за сезоната 2013/2014

– Наташа Андонова за најдобра фудбалерка во женски фудбал за сезоната

– Афродита Салихи за најдобар стрелец во женски фудбал за сезоната 2013/2014

– Зоран Левевски за најдобар тренер во футсал

– Кристијан Златковски за најдобар фудбалер во футсал

– Влатко Колев за најдобар тренер во младински фудбал

– Јасир Асани за најдобар младински фудбалер

– Михајло Јакимоски за најдобар стрелец во младински фудбал за сезоната 2013/2014

– ФК Металург за најдобар клуб во младинскиот фудбал

– Минчо Јорданов за заслужен фудбалски работник

– ФК Работнички- Скопје за фер плеј екипа на годината

– Димитар Мечкаровски за најдобар судија

– Агим Ибраими за најдобар репрезент во македонскиот фудбал во странство

– ФК Вардар и ФК Шкендија за унапредување на македонскиот фудбал

– Ивко Панговски, Трајко Стаматоски и Кирил Манев за особен придонес и афирмација на македонскиот фудбал

– Марјан Секуловски и Васко Андоновски за успешна тренерска работа во странство

– МРТ, МРТ 2, Сител, Канал 5, Алсат М, Македонски Спорт, Екипа, Macedonian Football за медиумска поддршка на македонскиот фудбал.