Позитивните информации добиени од јавните расправи за воведувањето државен испит на високообразовните институции во државата се вградени во предлог-законот, информира премиерот Никола Груевски.
Тој посочи дека изминатите 10-тина дена јавни расправи со министерот за образование и неговиот заменик се одржале во Битола, Тетово, Штип.
Државниот испит, нагласи Груевски, ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар, а за студентите што учат смета дека нема да имаат проблеми со полагањето.
„Не би сакал еден ден да се изгради зграда која ќе падне затоа што ја изградил градежен инженер, кој си ја купил дипломата“, рече Груевски.
На последната Владина седница, потсети дека беше овозможенокај 20 отсто од испитите да не мора да има 60 отсто одговорени прашања туку да може и со половина од тоа да с еположи испитот.
„Исто така овозможивме три до четири други олеснувања што ги немаше во првата верзија“, истакна Груевски
Тој рече и дека во целата оваа работа влегуваат со една многу благородна и здрава мисла, и оти се спремни да го ризукуваат личниот рејтинг.