Поради постоење основи на сомнение за сторени девет тешки кражби и една кражба, СВР Охрид поднесе две кривична пријава против Б.И. (24) со привремено живеалиште во Охрид.
Пријавениот, кривичните дела ги извршил во првата половина на овој месец со насилно кршење на вратите и прозорците од куќи и станови во Охрид. На тој начин, но и со кршење на пластичните ролетни, пријавениот влегол во две куќи на улицата „Дејан Војвода“ чии сопственици се наоѓале во Швајцарија од каде одзел сребрени алки и златен накит. Со кршење на стакло од прозорецот на приземјето, Б.И. влегол во куќа на улицата „Лазо Трпоски“, извршил пребарување и одзел ДВД плеер, машина за шишање, туш батерија и една чешма. Пријавениот искористил згодна прилика односно незаклучена влезна врата и влегол во куќа на улицата „Славеј планина“, извршил пребарување и од спалната соба одзел лап-топ компјутер. Со качување на балконите, пријавениот Б.И. влегувал во станови на булеварот „Туристичка“ и „Богомилска“ од каде одзел пари, австралиски монети, златен накит, еден нож и други поситни предмети.
Златните предмети ги продавал во златари во Струга, а другите предмети низ пазарите во Скопје. На тој начин Б.И. се стекнал со против-правна имотна корист од 70.000 денари.
Дел од одземените предмети заедно со една патна исправа, се пронајдени при претрес што полициските службеници го извршија во неговиот дом по што, од страна на оштетените лица во присуство на Јавен обвинител, извршено е препознавање на пријавениот.