Премиерот Груевски изрази оптимизам за нови инвестиции

Напорите за привлекување нови инвестиции продолжуваат и во континуитет работиме на нивно привлекување, истакна премиерот Никола Груевски.

На гостувањето во вестите на телевизија Канал 5 тој изрази оптимизам за повеќе нови инвестиции.

„Очекуваме ВЕИБО наскоро да ја почне градбата на фабриката. Компанијата почна со средување на теренот во Ранковце и тоа го прават мошне брзо, веќе има механизација во зоната. Тие сега се во фаза, со целосна градежна механизација го подготвуваат теренот, за после да ги градат фабриките и да почнат да вработуваат луѓе, околу 5.600 лица треба да се вработат таму“, рече Груевски.

Тој потсети и на најавите за инвестиции во различни делови на Македонија.

„Најавени се кол-центри, кои вработуваат по 500, 1.000, па и до 2.000 луѓе. Продолжуваме со силно, со жестоко темпо за решавање на еден од клучните проблеми во Македонија, невработеноста“, подвлече Груевски.