Со вечерни настапи на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ , продолжува предновогодишната програма, што ја организира Локалната самоуправа. Синоќа во времето од 18 до 20 часот со свои специјално подготвени културно- забавни програми настапија учениците од ОУ „Живко Чинго“ Велгошти, ОУ „ Христо Узунов“ и ОЕМУЦ „ Св. Наум Охридски“ .
Вечерва, во редовниот термин од 18 до 20 часот, ќе настапат учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, ОУ „ Кочо Рацин“ и ОУ „Св. Климент Охридски“, а утре, петок, 26 декември, ќе може да се проследат програмите на Студиото за класичен и модерен балет „ ВИЗАВИ“ , Кореографскиот центар „ 21“ и Танцовиот клуб „ Соната“.