СДСМ денес со соопштение до медимите дека остануваат доследни на своите ставови, дека нема да се вратат во собранието на Република Македонија. Во соопштението стои:
„Се што се случува во Собранието изминатите 8 месеци, во врска со пратеничките мандати на опозицијата, не е во согласност со Уставот ниту законите на Р. Македонија.
Пратениците од СДСМ и коалициските партнери поднесоа изјави за неприфаќање на мандатите, но мнозинството одлучи насилно да ги верификува.
Потоа, пратениците од опозицијата доставија и оставки до Собранието на Р.Македонија коишто власта не ги констатира со месеци.
Опозицијата останува доследна на своите ставови: нема да се вратиме во Собранието на Р. Македонија се додека власта не прифати преговори за суштинските теми што ќе ги вратат демократијата и правото на слободен избор на граѓаните.“- стои во соопштението.