Претседателот Иванов ја додели Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2014 година

Спортскиот центар „Јане Сандански” на архитектонското студио „Радо Инжинеринг” и проектантите Ѓоко Радовановиќ и Горан Тодоровиќ е најуспешното реализирано архитектонско дело за 2014 година.

Наградата, што ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија, ја врачи Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој е покровител на манифестацијата.

„Квалитетот на архитектурата се постигнува преку натпревар на идеи, концепти и визии за тоа каков треба да биде просторот во кој луѓето можат да живеат, да работат, да спортуваат, да творат. Поттикнувајќи го развојот на архитектурата и архитектонското творење, како и афирмацијата на македонската архитектура и творештво во меѓународни рамки, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и оваа година по 38-ми пат ги вреднува најуспешните архитектонски остварувања. Ова признание е дотолку поголемо што доаѓа токму од колегите кои најдобро умеат да ја проценат вредноста на градителските потфати и архитектонските дострели”, рече претседателот Иванов на доделувањето на наградата, што се одржа во Музејот на Град Скопје.

arh01