Тодоров: За три години вработени се 2000 луѓе во здравството

Министерот за здравство Никола Тодоров, на Сител 3 истакна дека најголемата критика за „Мој термин“ е дека немало термини, а всушност термин нема ако има помал број на доктори од потребното.

„Тоа е резултат на невработување на доктори со години наназад, непуштање на доктори на специјализација, како и одливот од јавно во приватно здравство. Сега имаме обратна ситуација, 170 специјалисти се вратија во јавното здравство. Ние изминативе 3 години вработивме 2000 луѓе во здравството. Сега вработуваме 180 лица во Итна медицинска помош“, рече Тодоров.

Сепак, тој потенцира дека доктор што ќе се вработи денес, термини за пациенти преку проектот ќе има дури за 5-6 години, затоа што прво мора да стане специјалист.