На грчки ферибот, со 466 патници и членови на екипажот, избувнал пожар. Бродот се наоѓал во близина на островот Крф во Јадранско Море.
Според локалните медиуми огнот избувнал во просториите под палубата на бродот и брзо се проширил. Капетанот испратил сигнал за помош и наредил итна евакуација. Според локалните власти евакуацијата е во тек, и во неа учествуваат неколку бродови и хеликоптери. Засега нема информации за жртви.
Фериботот „Норман Атлантик“, што е сопственост на грчката компанија АКАК, пренесувал 222 возила, 411 патници и 55 членови на екипажот, од источното грчко пристаниште Патрас кон италијанскиот град Анкона.
Извор: Нет Прес