Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка

Поради сообраќајна незгода на патниот правец Скопје-Велес пред тунелот Катланово, сообраќајот е во прекин за сите видови на возила. Во прекин е и сообраќајот на патниот правец Велес-Катланово.

На патнитe правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – г.п. Ќафасан, како и на планинските премини Пресека и Стража, поради големи остатоци од снег, има забрани за движење на тешки товарни возила, додека пак за патничките возила задолжителна е употреба на зимска опрема. На планинскиот премин Ѓавато и Буково задолжителна е употреба на зимска опрема за ТТВ. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

Патниот правец Скопје кон Македонски Брод, поради појава на голомразица е тешко прооден, особено за лесните моторни возила.

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од снег од снег на коловозот.