Скоро цела Македонија поради дефект остана без струја

ЕВН Македонија известува дека поради дефекти на мрежата без напојување со електрична енергија се следниве населени места: Општините: Струга, Дебар, Центар Жупа, Маврово – Ростуша, Охрид и Дебарца; Кумановско – Матејче, Вишница и Никуштак; Скопско – Тисовица, Гумалево, Добрино и Страхојадица; Кичевско – Староец, Карабуница, Вранештица, Цер и Прострање; Ресенско – населени места околу преспанското езеро, Отешево, Стење, Љубојно, Брајчино, Јанкоец, Крушје и Златари; Прилепско – Тополчани, Канатларци и Ивањевци и Велешко – Дреново, Лисиче и Горно Врановци.