Координативен состанок на Кризниот штаб со цел надминување на состојбата предизвикана од обилните паѓања на снег во последните 24 часа

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека Министерот за транспорт и врски Миле Јанкиески, претседаваше со координативен состанок на Кризниот штаб со цел надминување на состојбата предизвикана од обилните паѓања на снег во последните 24 часа, како и понатамошно координирање.

Министерот Јанкиески, апелира на постојана мобилност од страна на надлежните, ги повика и општините максимално да ги искористат расположливите ресурси во вакви ситуации и потенцира доколку им е потребна дополнителна помош на локалните власти тоа да го сторат во координација со ЦУК.

На состанокот беше кажано дека до денеска нема информации пристигнати до Центарот за управување со кризи ниту до Министерството за внатрешни работи за завеани села или блокирани граѓани.

„Ги повикувам сите граѓани кои имаат проблеми на автопатиштата да се јават на бесплатниот телефонски број 196 во АМСМ како и на бесплатниот број 195 во Центарот за управување со кризи за да можат надлежните веднаш да реагираат“, истакна Јанакиески.

„Од УХМР имаме најава дека невремето ќе се стабилизира, но за следниот викенд имаме најави за можно повторно влошување на временската состојба, Кризниот штаб ќе биде во постојана мобилност“ рече Министерот.

Исто така во текот на денот Министерот Јанакиески со дел од Координативното тело ќе извршат посета на општините во западниот дел на земјава каде имаат проблеми со снежното невреме. Исто така ќе извршат увид и на патниот правец Кичево-Охрид кај месноста Извор-Пресека каде што минатата ноќ имаше најмногу проблеми и застој на сообраќајот.

На состанокот беше потенцирано дека проблемите со електричната енергија во Охрид, Ресен и Струга ќе се санираат во текот на денот а екипи интензивно работат на отстранување на дефектот на далекуводот во Дебар. Од електроенергетските компании уверија дека не постои можнот од недостаток на електирчна енергија и дека има доволен капацитет за следниот период.

Во текот на денот Кризниот штаб ќе биде во постојана комуникација се со цел да се отстраната сите проблеми кои ги предизвика снежното невреме.

На состанокот на Кризниот штаб, покрај Министерот Јанакиески, присуствуваше и Министерот за одбрана Зоран Јолевски, Началникот на Генералштабот, генерал Горанчо Котески, надлежните од Центарот за управување со кризи, Управата за хидрометаролошки работи и други институции кои се веќе подготвени и помагаат во новонастаната ситуација.