Пронајдена дрога кај двајца скопјани во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ж.Д.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции ипрекурсори“. На 17-ти август минатата година околу 16,00 часот кај авто камп „Градиште“ од страна на полициски службеници бил извршен преглед над пријавениот кај кого пронашле 2,46 грама марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.А.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање вопромет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 31-ви јули минатата година околу 21,30 часот во авто камп „Градиште“ од страна на полициски службеници бил извршен претрес во камп приколка во која бил сместен пријавениот при што се пронајдени 12,42 грама марихуана.