Во прекин сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево кај Пресека

На патниот правец Кичево – Охрид кај планинскиот премин Пресека дозволен е сообраќај само за патнички моторни возила. Поради остатоци од снег, сообраќајот се одвива забавено и се препорачува внимателно возење и поседување на зимска опрема во возилата.

На патнитe правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка,Тетово – граничен премин Јажинце, Дебар – Струга, Буково, Ѓавато и Струга – граничен премин Ќафасан.

Непристапни се С. Герман (Крива Паланка) и С. Дренак (Куманово). Затворени за сообраќај се: патот Кочани – Пониква, Велес – С. Нежилово, Велес – Ореше. Во околина на Македонски брод непроодни се 47 села. На подрачјето на Тетово има забрана за сообраќај на тешки товарни возила на сите патни правци. Во околина на Скопје, непроодно е до Танушевци, Брест, Малина маала, Горно и долно Блаце, Љуботен и Побожје. Исто така, непроодни се патиштата кон С. Мојанци.