Во предновогодишен зимски амбиент по повод пристигнувањето на Новата Година, Основното училиште „Живко Чинго“ од Велгошти, организираше новогодишна приредба пред учениците и нивните родители.
На приредбата настапија учениците од одделенска и предметна настава со драматизации и музички точки.
„За најмалите ученици –првачињата во посета им дојде и Дедо Мраз кој им подари пакетчиња донирани од Црковниот одбор од с.Велгошти. Радоста и насмевките на детските лица им ги стоплија срцата на нивните родители, баби и дедовци кои не ги штедеа дланките за громогласни аплаузи после секоја изведена точка.“ – информираат од училиштето.
Советот на родители при ОУ „Живко Чинго“ им подари новогодишни пакетчиња на социјално ранливите ученици.
WebOhrid