По дводневното снежно невреме и по расчистување на градските улици, општина Охрид работи на санирање и ставање во функција на оштетените новогодишни реквизити.
Украсите и реквизитите што беа уништени во снежното невреме се репарирани или се заменуваат со нови.
Централното градско подрачје со плоштадот и чаршијата се расчистуваат од вчера. Плоштадот од синоќа е целосно чист.
Денеска се подига снежната покривка од чаршијата која целосно ќе биде чиста во текот на утрешниот ден.