Охрид има капацитет и успешно се справува со снежното невреме кое го зафати Охрид и неговата околина. Од улиците во градов 90 % се целосно чисти.
Исчистени се сите централни градски улици , и се фрлени околу 30 м кубни сол и ризла а дополнителни количини ќе се фрлаат во текот на ноќва.
Надлежните служби од општина Охрид 24 часа се на терен и успешно се справуваат со снежното невреме кое го зафати градов и неговата околина.
Во расчистувањето од снежната покривка се вклучени 14 работни машини и 3 камиони од кои два со нож за ринење на снег и еден за ризла.
Јавните претпријатија „Комуналец“ , „Водовод“, „Градски гробишта“ , „Ниско градба“ како и градежните фирми „Победа – Ботун“, „Марково Долче“ и „Нефи ИК„ се вклучени во расчистувањето на градов од снегот.
Две работни машини се ангажирани за расчистување на селото „Долно Лакочереј“ , улиците „Петрино“, “Радојца Новичиќ“,“Српница“ и “Кленоец“.
Со две работни машини се чистат населбите, Рамне, Велестово, Рача, селата Елшани и Коњско и населбата Исток.
Две работни машини работат на чистење на улиците : „Туристичка“, „Железничка“ и улицата „15-ти Корпус“.
Од синоќа се проодни патиштата до сите охридски села.